Младинската машка селекција претстојното лето ќе земе учество на Европското првенство за кошаркари до 20 години односно на младинскиот Евробаскет, Дивизија А.Кошаркарите, предводени од селекторот Боро Смилковски и неговите асистенти Методија Бешлиовски и Миодраг Тодоровиќ, ќе настапат во Гдиња, Полска, во период од 13. до 21. јули.Првиот собир на оваа национална селекција е закажан за 10. Јуни, 2024 година, во СРЦ Кале. Терминот за првиот собир, како и скратениот список на 18. кошаркари на чии услуги ќе смета Смилковски во рамки на подготвителниот период ќе бидат објавени дополнително.Репрезентацијата ќе тренира во Скопје, а по десетина дена ќе замине во Црна Гора на пријателски двомеч. Месец јуни ќе го комплетира со уште еден двомеч, против соодветната национална селекција на Словачка на домашен терен. Последна контрола пред настап на младинскиот Евробаскет е закажана повторно во Скопје, со селекцијата на Швајцарија.

Список на повикани кошаркари (У20)

Андреј Шошкиќ – Работнички
Михаил Стојанов – ТФТ Mozzart
Ненад Јовановиќ – Roseto Basket
Рубин Стефанов – Pescara Basket
Алек Петкоски – Феникс 2010
Петар Бошалески – Работнички
Лука Димитриевски – МКК Куманово
Бојан Стојановски – МЗТ Уни Банка
Ангел Кечовски – Ангели
Ангел Стојанов – Вардар
Гојчо Стевковски – МЗТ Скопје Аеродром
Матеј Николовски – Чаир 2030
Петар Башоски – Blanca de Castilla
Стефан Гоцевски – Работнички 2018
Лука Серафимоски – МКК Куманово
Григориј Јакимовски – Next Step Rapallo
Никола Бојчев – Еуро Никел 2005
Павел Иванов – Кожув
Мухамед Ќамиловски – Црн Дрим
Тома Стојаноски – Гостивар
Христијан Тодороски – Еуро Никел 2005
Виктор Стојковски – Навико Академија ФМП
Метин Саити – Работнички
Теодор Симиќ – Igokea