Бостон Селтикс поведоа со 2-0 во финалната серија на Источната конференција против Индијана Пејсерс.

Вториот натпревар помина со помалку „стрес“ за Бостон кој серијата од 20:0 во првото полувреме, од минус во плус. Тоа на крајот се покажа како клучен момент на натпреварот па Бостон славеше со 126:110.

Селтикси ги искористија проблемите на Пејсерси кои остана без Тајрис Халибартон, кој повторно се здоби со повреда на мускулот и мораше да ја напушти играта.

Најрасположен за игра кај домаќините беше Џејлен Браун кој натпреварот го заврши натпреварот со 40 поени и пет скока. По 23 поени додадоа Џејсон Тејтум (шест скока, пет асистенции) и Дерик Вајт (шест асистенции). За Пејсерси, Паскал Сијакам постигна 28 поени со пет скока.

Сега серијата подобар до четири победи се сели во Индијана каде ќе се играат следните два натпревари.