Машката македонска одбојкарска репрезентација на Македонија го претрпе вториот пораз во новото издание на Европската Златна лига.

На првиот турнир што се играше во Струмица, македонските одбојкари вечерва се поразени од Чешка со 3:0.

Противникот постојано ја контролираше играта и резултатот. Рано во првиот сет создадоа седум поени предност Чесите, а истиот го добија со 25-16.

Рамноправни беа македонските одбојкари само до 7-7 во вториот сет. Следуваше серија на Чешка која се одлепи ма пет разлика, а потоа и до +10 го доби сетот 25-15.

Ниту третиот сет не мина ништо по различно, па противникот го доби и него со 25-16, за конечни 3:0.

Така Ќесите со две победи и без загубен сет ги добија првите два меча, во првиот од трите круга во новиот формат на натпреварување.

На следниот втор турнир што ќе се игра во Беверен, Белгија, македонските одбојкари за противници покрај домаќинот ќе ја имаат и селекцијата на Азербејџан. Натпреварите ќе се играта следниот викенд, 25 и 26 мај.