Втор ден натпревари на завршниот турнир во ракометниот Куп на Македонија, што се подржува во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. И денеска на програмата се по еден полуфинален натпревар во двете конкуренции (жени и мажи).

Вчера своите полуфинални обврски си ги завршија актуелните шампиони Ѓорче Петров и Еурофарм Пелистер со победи над Куманово и Тиквеш. Кои ќе бидат нивните противници во финалето закажано за во недела ќе дознаеме денеска.

17:00 ЖРК ВАРДАР – ЖРК ЧАИР 

Во првиот натпревар од денешната програма ќе играат ракометарките на Вардар и Чаир.
Вардарки бркаат ново финале. Ќе се обидат како и лани во Охрид, да изборат натпревар во кој ќе атакуваат на седмиот куп трофеј.
Од друга страна, за екипата на Чаир ова е „кам-бек“ на завршниот турнир, откако минатата година не настапи во Охрид.

Полуфиналниот дуел меѓу ракометарките на Вардар и Чаир ќе почне во терминот од 17 часот.

19.30 ВАРДАР – АЛКАЛОИД

Ракометарите на Алкалоид ќе го предизвикаат бранителот на трофејот Вардар.
И минатата година во Охрид, овие две екипи играа во полуфиналето, кое го доби Вардар 31:22, а потоа црвено-црните стигнаа и до трофејот. Вардарци се најуспешните во ова натпреварување, со 16 освоени Куп трофеи.
Алкалоид пак кој е актуелен вицепрвак, ќе се обиде за прв пат во кратката клупска историја, да стигне до финалето.

Почетокот на натпреварот меѓу е закажан од 19.30 часот,

Сите натпревари во годинашното 31-во издание на ракометниот Куп на Македонија, ќе можете да ги гледате овде.

▶🔴 ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО