Македонската машка одбојкарска репрезентација, со нетрпение го очекуваат стартот на новото издание на Европската Златна лига.
Тие ги прават последните подготовки пред стартот на првиот турнир, чии натпревари ќе се играат во салата „Парк“ во Струмица.
Капитенот Никола Ѓорѓиев вели дека тимот е подготвен да дадат 200% од своите можности и дека ќе се борат за секоја топка. Дали тоа ќе биде доволно за победи, Ѓорѓиев не може да вети.
Атмосфера е одлична, со нетрпение го очекуваме натпреварот во петок. Тренираме добро, фала му на Бога малите повреди кои што ни се случија се зад нас. Нашиот медицински став одлично работи на тоа.
Ние постарите повторно ќе треба да повлечеме малку повеќе, се надевам дека сите заедно ќе успееме да направиме еден добар викенд овде во Струмица
Ќе дадеме 200% од нашите можности, ќе изгинеме на теренот за секоја топка, ќе се бориме максимум.
Не можам да ветам победа, но можам да ветам дека ќе го дадеме максимум од себе, ќе изгинеме за оваа публика за Македонија, бидејќи таа е нашето лице на секој натпревар.Ова е нов почеток, некои нови момци, некоја нова енергија, а амбиции остануваат Европско првенство во 2026 и сето ова е со цел токму за тоа“,
изјави капитенот Ѓорѓиев.
Турнирот стартува утре со дуелот меѓу Македонија и Естонија со почеток од 20.15 часот. Во сабота ќе играат Естонија и Чешка, а в недела на програмата е дуелот Македонија – Чешка.