Најдобриот тим во регуларниот дел на сезоната на истокот во НБА лигата, Бостон е првиот што обезбеди конфенциско финале.
Селтик го доби петтиот натпревар против Кливленд со 113-98 и со 4:1 во победи да затвори полуфиналната серија.
Во најголемиот дел од првото полувреме натпреварот во „ТД Грден“ беше израмнет. Во вториот дел, домаќините полека ја зголемуваа предноста. Селтикс беа шутерски расположени и реализитрраа 19 тројки, на кои гостите немаа одговор.
Ветеранот Ал Хорфорд погоди 6 тројки и натпреварот го заврши со 22 поени на кои додаде и 15 скокови. Двоен ефект имаше и Џејсон Тејтјум со 25 поени и 10 скокови.
Така бадијала беа 33-те поени на Бобли и 25-те на Маркис Морис, кога Кавс го загубија натпреварат и серијата.
Бостон сега го чека исходот од дуелот меѓу Њујорк и Индијана во кој Никс имаат предност од 3:2 во победи. Првата шанса за финале Њујорк ќе ја има во сабота (01.00 часот) пред својата публика во „Медисон Сквер Гарден“.