Екипата на Њујорк е несовладлива, кога во прашање се дуелите пред своите симпатизери си Индијана. И во третиот дуел на овие два тима во полуфиналето на Источната конференција славеа домашните кошаркари.

Пејсерс подобро влегоа во натпреварот и имаа водството во поголемиот дел од првата четвртина. Но откако Никс поведоа, до крајот не ја испуштија предноста. На полувремето Њујорк имаше 15 поени разлика, која продолжи да расте и застана на 30.

На крајот Њујорк славеше со убедливи 121:91 и поведе со 3-2 во пообеди.

Џејлен Брансон уште еднаш ги предводеше Никс. Најдобриот играч од оваа серија постигна 44 поени „зачинети“ со седум асистенции и четири скока. Тој по петти пат во годинашниот плејоф ја надмина границата од 40 поени.

Серијата се враќа во Индијана во четврток навечер, а Никс ќе имаат меч топка за нивниот прв настап во конференциско финале, по 2000 година.