Кошаркарките на Баскет Кам се радуваа на победа против Вардар во првиот финален меч од плејофот, на Првата женска сениорска лига.
Пред своите симпатизери во Македонска Каменица, актуелните шампионки славеа со 65:59.
Клучна беше првата четвртина во која избраничките на Жаклина Стојановска направија предност од девет поени. Тоа се покажа решавачки момент бидејќи скопјанки постојано ја бркаа негативата. По два периоди добија двата тима, а на првото полувреме домашната екипа замина со предност со 38:30.
Во вториот дел вардарки постојано го напаѓаа тоа водство, не не успеаја да направат и резултатски пресврт. Баскет Кам на крајот заслужено славеше со шест разлика 65:59.
Во победничката екипа најефикасна беше Зубац со 20 поени, додека Димова постигна два помалку (18), а Кметовска додаде 15 поени.
Во гостинската екипа, Димитријевиќ и Матие имаа по 14, а најискусната на теренот Славица Наков постигна 13 поени.
Вториот натпревар од финалната серија ќе се игра викендов, повторно во салата „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица.
Шампионската титула ќе ја освои екипата која прва ќе стигне до три победи.