Денвер и Индијана забележаа победи во третите полуфинални конференциски натпревари и намалија на 1:2 во сериите со Минесота и Њујорк.
Шампионот Денвер иако ги загуби првите два натпревари на домашен терен, па сите ги отпишаа, Нагетс славеа во Минесота. Предводени од Никола Јокиќ кому му фалеше една асистенција за трипл-дабл, Денвер победи со 117-90 и намали на 1:2 во победи.
Јокиќ постигна 24 поени, а имаше и 14 скокови и девет асистенции. 24 поени реализира и Мареј, додека Портер постигна 21. И следниот натпревар ќе се игра на теренот на Минесота.
Индијана пак до првата победа против Њујорк стигна пред своите симпатизери. Во интересен и неизвесен натпревар победникот беше решен во самиот финиш, а Пејсерс славеа со 111-106 и намали на 1-2 во серијата.
Халибартон со 35 поени беше најдобар кај Индијана, во составот на Њујорк Дивинченцо реализираше исто така 35 поени. И следниот натпревар ќе се игра во Индинополис.