Кој ќе биде вториот тим што следната сезона ќе игра во Првата машка кошаркарска лига, ќе дознаеме вечерва.
Екипите на Шкупи и Маџари вечерва во Чаир ќе го играат третиот натпревар „мајсторката“ од полуфиналето во второлигашката конкуренција.
Двата тима ја искористија предноста на домашниот терен во првите полуфинални натпревари, а така беше и во регуларниот дел од сезоната.
Победникот од вечерашниот натпревар освен финале, ќе обезбеди и настап во Првата лига. Тоа веќе го стори екипата на МКК Куманово која без загубен натпревар прва се пласира во финалето.
Кој на кумановци ќе им биде противник во дуелот за „престиж“ ќе дознаеме по мечот што ќе почне од 20.30 часот.
Натпреварот ќе може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.