Екипите на Фиорентина и Клуб Бриж одиграа со 1:1. Тоа не беше доволно за белгискиот клуб кој загуби на првиот натпревар со 3:2. Со овој резултат Фиорентина се пласира во финале.
Домаќините поведоа во 12-тата минута со голот на Максим Де Кујпер, со што ја анулираа негативата од првиот меч од Фиренца. Италијанскиот тим имаше повеќе од играта, создаваше шанса, но недостасуваше реализацијата.
Така беше се до 85-тата минута кога Аргентинецот, Лукас Белтран од пенал израмни на 1-1.
Кој ќе биде противник на Фиорентина во дуелот за трофејот, ќе дознаеме утревечер по натпреварот меѓу Олимпијакос и Астон Вила. Во реванш дуелот грчкиот тим покарај предноста на домашниот терен ќе има и два гола предност откако првиот меч го доби со 4-2.
Финалето во Конференциската лига ќе се игра на 29 мај, на стадионот на АЕК во Атина.