Борусија Дортмунд ќе има тешка задача во реваншот на полуфиналето на Лигата на Шампионите. „Милионерите” ќе треба во Париз да ја задржат предноста што ја стекнаа на домашен терен од 1:0.
Тренерот Един Терзиќ доста е претпазлив во навратат со ПСЖ.
„Изигравме добар натпревар минатата недела, што ни даде мала предност.
Но не може само тој перформанс да ни донесе финале“,
изјави Терзиќ за медиумите.
Тренерот на Дортмунд најави дека неговата екипа треба да си ја заработи картата за финале на Вембли.
„Мораме да сме соединети, да имаме добар план и добра идеја за игра.
ПСЖ сигурно ќе одигра подобро од минатата недела, а ние сакаме да си ја заработиме картата за финалето.
Ќе го направиме тоа на натпреварот“, додаде тренерот на „милионерите”.
Борусија Дортмунд е пред тешка задача да го сопре моќниот ПСЖ и Килијан Мбапе. Историјата е нешто на коешто се потпираат „милионерите” бидејќи ПСЖ никогаш се нема пласирано во финале по двомеч.
Единствениот настап во финале за Парижаните е за време на Ковид периодот во „Фајнал-8″ форматот на нокаут фазата.