Во НБА лигата ноќеска се одиграа два натпревари по кои Минесота поведе со 2:0 против Денвер, а Њујорк ја остари првата победа во дуелот со Индијана.
Екипата на Минесота ја оствари втората победа над шампионот Денвер во полуфиналето на Западната конференција од НБА плејофот. „Тимвервулфс“ одиграа фантастично прво полувреме кое го добија со 26 разлика, колку што беше и на кракот 106-80.
До водство од 2:0 во серијата подобар до четири победи, Минесота ја предводеа Ентони Едвардс и Карл Ентони Таунс со по 27 поени. Арон Гордон беше најдобар кај Нагетс со 20 поени, додека Никола Јокиќ заврши со по 16 поени и скокови.
Следните два натпревари ќе се играа во Минесота.
Во Источната конференција тимот на Њујорк поведе со 1:0 во победи против Индијана. „Никси“ ја искористија предноста на домашниот терен и ги победија „Пејсерси“ со 121:117.
Џејлен Бронсон повторо беше лидер на Њујорк, постигнувајќи 46 поени. Тој стана само четвртиот играч во историјата кој на четири последователни натпревари во плејофот постигнува 40+ поени. Покрај Брансон, кај победничката екипа се истакнаа и Ди Винченцо со 25 и Џош Харт со 24 поени, 12 скока и осум асистенции.
И следниот натпревар ќе се игра во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк.