Машката ракометна репрезентација на Македонија, отпатува за Торшавн, каде ќе го игра првиот меч против Фарските Острови. На првиот бараж дуел преку кој црвено-жолтите ќе бркаат нов настап на Светските првенства, Македонија патува со сите сили.
Имено селекторот Кирил Лазаров реши на пат да ги поведе сите 21 ракометар колку деновиве се подготвуваа во Скопје. Сепак, Лазаров ќе мора да „пресече“ на самиот ден на натпреварот (среда) кои 16-мина ќе излезат на терен.
Потсетување дека Лазаров во однос на последниот список, пред стартот на подготовките, дополнително го повика Мартин Карапалевски.
Првиот меч ќе се игра во среда (7 мај) од 20 часот, а реваншот во СЦ „Борис Трајковски“ на програмата е во недела (12 мај) од 19 часот.