Актуелниот НБА шампион Денвер со пораз на домашен терен ја започна полуфиналната серија во Западната конференција.

Тимот на „Нагетс“ беше поразен од Минесота со 99-106, за водство на „Тимбервулфс“ од 1:0 во серијата подобар до четири.

Иако кандидатот број 1 за МВП, Никола Јокиќ одигра уште еден натпревар на високо ниво, тоа не му помогна на домашниот тим. Србинот натпреварот го заврши со 32 поени, девет асистенции и осум скокови, но недоволно за триумф.

Едноставно, Денвер немаше решение за брилијантниот Ентони Едвардс, кој фантастичниот настап го најави уште во воведните 3 минути постигнувајќи 13 од 15-те поени за гостите.

Едвардс на крајот заврши со 43 поени на кои додаде седум скока и три асистенции.

И следниот, втор, натпревар ќе се игра во Денвер веќе во вторникот наутро од 4 часот.