Кошаркарите на Работнички и Пелистер попладнево ќе го играат вториот натпревар од полуфиналето во плејофот.

Во него гостите од Битола ќе влезат со предност од 1:0 во победи. Пелистерци го добија првиот меч и тоа убедливо со 23 поени разлика 86-63.

Тоа ќе биде мотив повеќе за зелено-белите кои посакуваат серијата да за заокружат пред своите симпатизери. Од друга страна, Работнички е под притисок и императив да покаже дека првиот меч бил само лош ден.  

Натпреварот што ќе се игра во СЦ „Кале“ ќе почне од 18 часот. Пласман во финалето ќе обезбеди екипата што прва ќе стигне до три победи.

Потсетување дека во второто полуфинале играат МЗТ Скопје Аеродром и ТФТ.
Поради обврските на шампионот, во АБА2 лигата, вториот меч во „Јане Сандански“ ќе се игра во вторник (7 мај) од 19 часот, а во него МЗТ ќе влезе со предност од 1:0 во победи.

Полуфиналните натовари од плејофот може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.