Кошаркарите на Работнички не му дозволија на битолски Пелистер повторно да слави во Скопје. Работнички го доби вториот дуел од полуфиналето во плејофот со што го израмнија резултатот на 1:1 во победи.
Во текот на целиот натпревар домаќините го контролираа резултатот и на битолчани во ниту еден момент не им дозволија да поведат. Работнички го доби првиот период со девет разлика (27-18), а следните два им припаднаа на гостите (16-17 и 19-22).
Во последната четвртина домашниот состав влезе со пет поени предност (62-57). Имаа доволно време зелено-белите да ја анулираат таа негатива, но се што сторија е да се доближат на -2. Во самиот финиш Трајс реализира тројка па црвено-белите можеа мирно да го приведат натпреварот кон крај со конечни 75-69.
Роберт Рикиќ со дабл-дабл ефект со 22 поени и 14 скокови , заедно со Бобан Стаиќ кој постигна 15 поени беа предводници на победничката екипа. Залудно Јуре Планиниќ беше најефикасен на натпреварот со 23 поени, кога неговиот тим загуби.
Следните два натпревари, во серијата подобар до три победи ќе се играат во Битола.