Ракометарите на Вардар втор пат сезонава се подобри од екипата на Алкалоид., Вардарци попладнево пред своите навивачи го победија Алкалоид со 24-21 и останаа во конкуренција за титулата со шампонот Еурофарм Пелистер.

На почетокот на натпреварот гостите од Автокоманда беа за нијанса подобар тим. Алкалоид водеше се до 10-тата минута со 5-6. Тогаш вардарци ја презедоа играта и на пауза заминаа со гол предност (12-11).

Тврд натпревар се играше во „Јане Сандански“ и во вториот дел. Домаќините имаа три предност 19-16, но Алкалоид успеа да израмни (19-19). Избраниците на Лазаров не можеа да направат комплетен пресврт, па Вардар го доби мечот со 24-21.

Косуке Јасухира беше нерешлива енигма за одбраната на гостите. Јапонецот, натпреварот го заврши како најефикасен играч постигнувајќи осим голови за победникот. По три гола за Вардар, додадоа Хансер Родригез и Стефан Петриќ. Во поразената екипа на Алкалоид, браќата Митеви (Дамјан и Марко) постигнаа по пет гола, а стрелец на три беше Мартин Серафимов.

Бодовната разлика меѓу двата тима се враќа на +2 за битолскиот клуб, а до крајот на првенството остануваат уште по два натпревари.
Алкалоид останува трет (27 бодови), а по него е Охрид (23) кој во овие моменти го игра дуелот со Пролет.