Откако ја загубија титулата во Бундес лигата, беа елиминирани ви во Купот, фудбалерите на Баерн Минхен сезоната ќе ја спасуваат во Лигата на шампионите.
Ова меѓу останатото го потврди тренерот на Баварците, Томас Тухел кој изјави дека целта е пласман во финалето.
„Сакаме да стигнеме до финалето на Лигата на шампионите. Направивме еден чекор против Арсенал и сега е време да го направиме следниот против Реал.
Сакаме да бидеме конкурентни во полуфиналето, а потоа да се мислиме на “Вембли“.
Тоа нема да ни помогне да ги вратиме бодовите од другите натпреварувања, но планираме да играме во финалето на Лигата на шампионите“,
изјави Тухел на прес-конференцијата.
Тој додаде дека на натпреварот очекува голема поддршка од навивачите.
„Ни треба одлична атмосфера. Сакаме навивачите да бидат дел од играта и да ни даваат поддршка, особено во тешките моменти.
Треба да создадеме атмосфера што ќе ни помогне да победиме “,
додаде тренерот на Баерн.
Задачата на Баерн ќе биде исклучително тешка. Против себе ќе го имаат најтрофејниот тим во Лигата на шампионите, мадридски Реал.