Голема битка претстои за шампионскиот трофеј во ПМФЛ. Ова особено по поразот на првакот Струга како и големата драма на Чаир во која Тиквеш од победник на крајот излезе како поразен тим.

Екипата на Силекс приреди големо изненадување совладувајќи го шампионот Струга ТЛ со пресврт. Кратовци имаа два гола негатива откако Ибраими (23.минута) и Радевски (34) беа стрелци на головите за стружани. Но, Леоид Игњатов со два погодока (36 и 48.минута) успеа да го израмни резултатот, а Каланоски (52) да му донесе предност на Силекс од 3-2.

Киксот на стружани го искористи Шкупи кој благодарение на двата гола Аворњо во финишот на натпреварот стигна до победа над Тиквеш со 3-1. Домашниот состав имаше предност по првиот дел со погодокот на Воша (39), но кавадарчани преку Спахиу (53 и 82) направија пресврт и поведоа со 1-2. Шкупи од пораз го спаси, а потоа и му донесе победа Аворњо со головите во 86-тата и деветтата минута од судиското дополнение (90+7) за конечни 3-2.

Од триото што се бори за титулата, Шкендија освои полн плен совладувајќи го Гостивар со убедливи 4-1. Тетовци сега се на само три бодови помалку од Струга и Шкупи кои имаат по 58.

Поразот на Брегалница на гостувањето кај Воска спорт, ги намалува шансите на штипскиот тим за опстанок. Тие како и Македонија ЃП имаат по 26 бодови и се на последните две позиции на табелата, а пред нов е Вардар со 29 кој пак денеска загуби во Струмица.

ПРВА ЛИГА 29.КОЛО
СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС 2-3
ШКУПИ – ТИКВЕШ 3-2
ШКЕНДИЈА – ГОСТИВАР 4-1
БРЕРА СТРУМИЦА – ВАРДАР 2-0
РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-1
ВОСКА СПОРТ – БРЕГАЛНИЦА 4-0

Standings provided by Sofascore