Кошаркарите на Вардар со победа над Охрид ја завршија сезоната во Првата лига. Во натпреварот од последното, 6.коло од плеј-аут конкуренцијата вардарци славеа со 94-62 и го потврдија своето учество во Првата лига.
Иако се беше јасно и пред одигрувањето на овој натпревар. Вардарци само сакаат да го потврдат своето место, па заедно со гевгелиски Кожув изборија опстанок.
Покрај Охрид следната сезона во Втората лига се сели и тимот на Академија ФМП.
Кои два тима ќе бидат прволигаши ќе дознаеме по полуфиналните дуели во Второлигашката конкуренција. Досега не поразениот МКК Куманово е на најдобар пат да го стори тоа бидејќи убедливо го доби првиот дуел со Ангели.
Вечерва пак во Чаир (20 часот), екипите на Шкупи и Маџари ќе ја имаат првата полуфинална пресметка.
Во прволигашката конкуренција, во овие моменти Работнички и Пелистер го играа првиот полуфинален меч во серијата подобар до три победи.