Со дуелот што ќе се игра попладнево во салата на СРЦ „Кале“, започнува полуфиналната рунда од плејофот во кошаркарскиот шампионат.
Први на „мегдан„ излегуваат кошаркарите на Работнички и Пелистер.
Двете екипи експресно, во само три натпревари, ја завршија работата во четвртфиналето. Скопјани, кои завршија на 2.место на табелата, ќе ја имаат предноста на домашниот терен. Првите два натпревари ќе се играат во Скопје, а наредниот следуваат два Битола, за евентуалната мајсторка да би де играла повторно во „Кале“.
Работнички сезонава два пати го доби Пелистер, но како што истакнуваат од двата тима, тие натпревари се веќе минато.
Сега сите се насочени кон плејоф серијата што се игра во три добиени натпревари. Денешниот, прв ќе почне во терминот од 18 часот.
А, поради обврските во АБА2 лигата втората полуфинална серија во која МЗТ Скопје Аеродром ќе игра против ТФТ ќе започне на 30 април (вторник), со почеток од 19 часот, во СЦ „Јане Сандански“.