Елитното клупско ракометно натпреварување, Лигата на шампионите влегува во самата заврница. Останаа уште осум тима кои ќе се борат за шампионскиот трофеј, кој го брани германскиот Магдебург.
Денеска и утре на програмата се првите четвртфинални натпревари.
Со репризата на ланското финале, во кое вицепрвакот Киелце го пречекува шампионот Магдебург ќе биде отворена оваа рунда. Дуелот во Полска ќе се игра во попладневниот термин, а во вечерниот ќе се сретнат Монпеље и Кил.
За утре закажани се другите два натпревари. Унгарскиот Веспрем е домаќин на Алборг, а во второто дерби Барселона го пречекува Париз Сен Жермен.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ ЧЕТВРТФИНАЛЕ
среда
18.45 КИЕЛЦЕ – МАГДЕБУРГ
20.45 МОНПЕЉЕ – КИЛ
четврток
18.45 ВЕСПРЕМ – АЛБОРГ
20.45 ПСЖ – БАРСЕЛОНА
Фајнл-форот ќе се одржи во „Ланксес арената“ во Келн , Германија на 8 и 9 јуни 2024 година.