Екипата на Фенербахче со „брејк“ во Монте Карло ја почна четвртфиналната серија од плејофот во Евролигата. Фенербахче со голем пресврт и по продолжение го совлада Монако со 95-91.
Францускиот тим Монако речиси во текот на целиот натпревар имаше предност, а најголемата изнесуваше 14 поени. Но, во самата завршница од готово да направи вересија. На 2.минути пред крајот гостите од Истанбул поведоа со 76-77, а потоа и 76-80. До крајот на 40-те минути резултатот беше израмнет 81-81.
Во дополнителните пет минути, екс европскиот шампион беше по сконцентриран во завршницата. Нервозата си го стори своето кај кошаркарите на Монако, па Фенербахче заслужено дојде до првата победа.
И следниот натпревар, веќе во петок ќе се игра во Монако. Пласман во полуфиналето ќе обезбеди екипата која прва ќе стигне до три победи.