Дербито на 10.то коло од ракометната Супер лига плеј оф се игра вечера од 19 часот во Охрид каде тимот на ГРК Охрид го пречекува шампионот Еурофарм Пелистер. Ова можеби е и единствената шанса до крајот на лигашките натпревари за пораз или евентуален кикс на тимот од Битола, па за шампионската титула во борба да влезат и другите екипи. Победа на охриѓани ќе значи и изедначување бодовно на двата тима на табелата, што само ќе донесе дополнителна неизвесност во борбата за шампионската титула.

До почетокот на дуелот во Охрид лидер на табелата е Вардар.

Покрај овој дуел попладнево е и пресметката на градските ривали Бутел и Пролет. Ова е натпревар пред се за меѓусебен престиж. Со триумф на домашен терен екипата на Бутел ќе го мине директниот ривал на табелата и ќе се искачи на шестото место на табелата.

СУПЕР ЛИГА ПЛЕЈ ОФ – 10.КОЛО
недела
18.00  БУТЕЛ – ПРОЛЕТ 62
19.00 ОХРИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
претходно одиграно 
АЛКАЛОИД – СТРУГА 35:20
ВАРДАР – ТИКВЕШ 29:25

ТАБЕЛА: Вардар 27 бодови, Е.Пелистер 26, Алкалоид 24, Охрид 23, Тиквеш 16, Пролет 6, Бутел 4, Струга 0.

СУПЕР ЛИГА ПЛЕЈ АУТ – 10.КОЛО
одиграно вчера
МУЛТИ ЕСЕНС – ПРИЛЕП 34:33
СКОПЈЕ 2020 – МРК КУМАНОВО 25:32
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ВАРДАР НЕГОТИНО 35:23
слободен  ГОЛДЕН АРТ КЛ7  

ТАБЕЛА: МРК Куманово 26, Прилеп 24, Е.Пелистер 24, Вардар Н. 18, Мулти Есенс 17, Голден Арт КЛ7 13, Скопје 2020 6, Аеродром -7.