Големото „Ел Класико“ односно дуелите меѓу Реал Мадрид и Барселона како да не можат да минат без контроверзии.
На дуелот што е игра на „Сантијаго Бернабеу“, гостите поведоа уште во шестата минута со голот на Данецот, Кристенсен.
Но, Реал брзо ја анулира негативата веќе во 18-тата, кога Винициус погоди од пенал.
Но. На тоа му претходеше сомнителна одлука на судијата Сезар Сото Гардо, кој стартот на Кубарси врз Васкез го оцени како прекршок. Повеќе од очигледно беше дека напаѓачот на Реал сам ја удира ногата во противничкиот играч.
Во 28-та минута по обидот на Јамал, голманот на Реал, Лунин интервенираше, но дали топката ја мина гол линијата останува дилемата!? А, остана и резултатот не променет 1-1 по првиот дел.
Тренерот на Барселона, Чави во текот на сезоната повеќе пати реагираше дека Реал има голема помош од судиите, за што доби и казна од шпанската фудбалска федерација.
Кога Чави ќе ја погледне снимката, сигурно ќе има што да дополни.