Актуелниот светски шампион Макс Верстапен доминираше утринава на патеката во Шангај. Таму утре ќе се вози петата трката во сезоната, а за Големата награда на Кина.
Возачот на Реад Бул утринава, прво беше најбрзи во спринт трката, а потоа и во квалификациите за пол-позицијата.
До подиумот на спринтот како втор стигна Луис Хамилтон, кој пан во квалификациите заврши дури како осумнаесетти.
Зад Верстапен утрешната трка ќе ја почне неговиот тимски колега Серхио Перез.
Тандемот на Мекларен, Фернандо Алонсо и Ландо Норис ќе бидат во вториот стартен ред. Шпанецот, беше трет и на спринтот, а Норис не ја искористи можноста иако стартуваше прв.
Стартот на кинеското Гранд-при утре е закажано за 9 часот наутро.