Одбојкарите на Штип УГД му го нанесоа првиот пораз во првенството на шампионот Струмица, а севкупно втор сезонава. Откако ги совладаа во финалето на Купот и го освоија трофејот одбојкарите на Штип УГД победија и во финалето од плејофот.
Штипјани го добија вториот финален меч со 3:1 во сетови и го израмни резултатот на 1:1 во победи во финалната серија.
Голема борба се водеше во првиот сет. По почетното водство на гостите, штипјани со серија од 5-1 се вратија во игра и израмнија (7-7). Поен за поен се играше се до средината на сетот, која Шип за прв пат поведе со три разлика (16-13). Струмица возврати на ист начин и поведе со 18-19. Шампионот ја имаше првата од трите сет топки на 23-24, но не испрости ниту една. Тоа пак на домаќините им успеа од втор обид и го добија сетот со 30-28.
Во вториот сет, шампионот брзо резултатски се одлепи, па поведе со пет разлика (8-13). Таа предност искусниот тим знаеше како да ја одржува и зголемува. Струмица го доби сетот со осим разлика (17-25) за израмнување на 1:1.
Со неверојатен пресврт, штипјани го освоија третиот сет. Губеа домаќините во неколку наврати со четири разлика, последен со 10-14. Следуваше неверојатна серија од 8-1 и водство на Штип УГД 18-15. Тоа повеќе од мотивирачки делуваше да домашните одбојкари кои го добија сетот со 25-20 за водство од 2:1.
речиси идентично мина и четвртиот сет во кој струмичани водеа пет разлика (10-15). Но тука застанаа. Штипјани ги консолидираа редовите и со неколку серии направија пресврт. До крајот на сетот Штип УГД освои 10, а Струмица пет поени, па штипјани го добија сетот со 25-20, а мечот со 3:1
Третиот натпревар во серијата подобар до три победи ќе се игра во Струмица во понеделник.