Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ќе стартува од пол-позицијата на спринт трка во Шангај. Викендов во Формула 1 шампионатот, на програмата е петта трка сезонава, а се вози за Големата награда на Кина.
Британецот, Норис најдобро се снајде низ дождот во Шангај, и оствари најбрз резултат со 1:57.940 минути. Тоа беше за две и пол десетинки побрзо од сонародникот Луис Хамилтон од Мерцедес.
Третото стартно место ќе го има ветеранот Фернандо Алонсо, додека четврти на стартот ќе биде актуелниот шампион Макс Верстапен.
Спринт трката ќе се води утре (сабота) во 5 часот наутро, додека квалификациите за главната трка се четири часа подоцна. Големата награда на Кина ќе стартува в недела од 9 часот.
.