Италијанската фудбалска федерација е првата која има пет претставници во една сезона од Лигата на шампионите. На крајот од тековната сезона тој број би можел да се зголеми за уште еден тим.
Промената на форматот на елитното натпреварување, во кое следната сезона наместо 32 ќе има 36 учесници, го овозможува тоа.
По одличните резултати во четвртфиналните натпревари од Лига Европа и Конференциската лига, екипите од Серија А се погрижија и петтиот тим од Апенините да игра во Лигата на шампионите. Потенцијално тоа би можеле да сторат и клубовите од Англија или Германија.
Меѓутоа, доколку Аталанта или Рома, успеат да ја освојат Лигата на Европа, а притоа да завршат под петтата позиција во Серија А, Италија би добила уште едно место во елитата.
Токму овие два клуба моментално се на петтата и шестата позиција во италијанскиот шампионат. Оттаму реална е можноста да и обезбедат на Италија уште едно место во Лигата на шампионите.