За првата рунда од НБА плејофот, конференциските четвртфиналиња, останува само уште едно слободно место, осмото на Истокот. Ова откако ноќеска беа одиграни двата плеј-ин натпревари во кој победи остварија Филаделфија и Мајами.

Во директниот дуел за седмата позиција Филаделфија го Мајами Хит со резултат 105:104. Џоел Ембид оствари двоен ефект за победничката екипа со 23 поени и 15 скока. Тој доби неочекувано голема поддршка од францускиот ветеран Никлас Батум кој постигна 20 поени.

Филаделфија во четвртфиналето за противник ќе ја има екипата на Њу Јорк.

Иако загуби Мајами ќе има уште една шанса и тоа против Чикаго. Имено, „Булси“ со убедливата победата над Атланта 131-116, се изборија за втор меч во плеј-инот. Тој треба да го одреди тимот кој ќе биде осмо рангиран во источната конференција.

Победникот од тој натпревар во конференциското четвртфинале ќе оди на мегдан на Бостон кој заврши како првопласиран.

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Плеј-ин
8 Мајами – Чикаго
Плеј-оф четвртфинале
1 БОСТОН – 8 Мајами / Чикаго
2 ЊУ ЈОРК – 7 Филаделфија
3 МИЛВОКИ – 6 ИНДИЈАНА
4 КЛИВЛЕНД – 5 ОРЛАНДО