Одбојкарките на Работнички и Струмица, попладнево ќе го играат вториот натпревар во финалето од плејофот.

Актуелните шампионки ќе ја имаат предноста на домашниот терен, но и предност во меѓусебните дуели. Ова откако во првиот пред три дена во Струмица, екипата на Работнички направи „брејк“ и поведе со 1:0.

Отсуството на капитенката Елена Пандева во играта на струмичанки беше ненадоместлива. Иако тесно резултатски по сетови, сепак скопјанки го добија тој меч со чисти 3-0. Дали денеска Пандева ќе биде во игра и ќе може да им помогне да одбојкарките на Струмица останува да видиме.

Мечот број 2 за шампионскиот трофеј, меѓу Работнички и Струмица ќе се игра во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“, а ќе почне од 18 часот.

Шампионскиот трофеј ќе го освои тимот што прв ќе стигне до три победи.

СЕ ЗА ФИНАЛЕТО