Двете најдобро рангирани е екипи од регуларниот дел на сезоната, МКК Куманово и Шкупи ја завршија четвртфиналната обврска. Двата тима и по втор пат беа подобри од своите противници и обезбедија пласман во полуфиналето на Втората лига.
МКК Куманово ја оствари и 22-та победа откако во Прилеп го совлада Мега баскет убедливо со 33 разлика. Кумановци славеа со конечни 97-64 и со 2:0 ја добија серијата.
И екипата на Шкупи со 2:0 во четвртфиналето беше подобра од Борец баскет. Чаирчани како гости, но во својата сала, го одиграа реванш натпреварот кој го добија убедливо со 58 поени разлика.
Овие два тима сега ќе ги чекаат своите противници за полуфиналната рунда. Нив ќе може да ги дознаат уште вечерва доколку гостинските екипи забелеат победи.
Имено, екипата на Ангели во дуелот со МЗТ Скопје У.Б. влегува со предност од 1:0 во меѓусебните дуели. Во иста ситуација се и кошаркарите на Маџари, а тие ќе гостуваат во Штип кај Соколи. Доколку домаќините денеска слават победи, претстојниот викенд ќе се играат мајсторки.
Денешните натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)
ВТОРА ЛИГА (МАЖИ)
ПЛЕЈОФ ЧЕТВРТИНАЛЕ (реванш натпревари)
вторник
БОРЕЦ БАСКЕТ – ШКУПИ 65:123 (0-2 во победи)
МЕГА БАСКЕТ – МКК КУМАНОВО 64:97 (0-2)
среда
16.00 МЗТ СКОПЈЕ УБ – АНГЕЛИ (0-1)
19.00 СОКОЛИ – МАЏАРИ (0-1)
ПОЛУФИНАЛЕ
МКК КУМАНОВО – Ангели / МЗТ скопје У.Б.
ШКУПИ – Маџари / Соколи