Се одиграат првите два натпревари од разигрувањето, односно плеј-инот во НБА лигата. По нив сезоната заврши за тимот на Голден Стејт, а ЛА Лејкерс обезбеди конференциско четвртфинале.

„Езерџиите“ во неизвесен натпревар го совладаа Њу Орлеанс на гости со 110-106.

Леброн Џејмс со 23 поени и по 9 скока и асистенции, беше про име во победничката екипа. Д’Анџело Расел постигна 21 поен меѓи кои и клучната тројка во финишот, а Ентони Дејвис забележа дабл-дабл со 20 поени и 15 скока.

Лекјерси во четвртфиналето на Западот за противник ќе го имаат актуелниот шампион Денвер, предводен од Никола Јокиќ.

Њу Орлеанс ќе има уште една шанса за плејофот и тоа во дуелот со Сакраменто. „Кингси“ во плеј-инот,  на домашен терен го совладаа Голден Стејт со 118-94.

Бадијала за „Воините“ останаа 22-та поени на Стеф Кари кога Клеј Тосон имаше очајна вечер шутирајќи 0 од 10 од игра. Киган Мареј со 32 поени и девет скока (8/13 тројки) и Де Арон Фокс со 24 поени и шест асистенции беа најдобри во победничката екипа.

Ноќеска ќе се играат плеј-ин дуелите во Источната конференција. Филаделфија и Мајами ќе играат за седмото место, а Чикаго и Атланта за нова шанса.