Дербито на четвртфиналните дуели помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити во Лигата на шампионите носи многу значење. Пеп и Сити „итаат” кон нова „триплета”. Планот за тоа сака да им го сруши никој друг освен Реал Мадрид. Карло Анчелоти со Реал атакуваат на 15-та титула во Лигата на шампионите.
„Етихад“ носи многу чуда особено откако во „тивкиот” дел на Манчестер дојде Пеп Гвардиола. Манчестер Сити минатата сезона токму на овој стадион покажа надмоќ над Реал Мадрид. Ситуацијата е слична како лани, откако во првиот натпревар се одигра со реми (3:3). Но ниту Сити е истата екипа од лани, а уште помалку тоа е Реал.
Сити ќе се обиде со сите сили да дојде до нешто што никој го нема направено. Тоа е две сезони по ред да ја обединат тројна титула. Во Премиер лигата моментално се на водечката позиција со 2 бода предност од Арсенал и Ливерпул. Сити игра извонредно и оваа сезона, но не делуваат убедливо како минатата, но во прав момент се разбудија. Ако некој во светскиот фудбал има шанса да му парира на Манчестер Сити, тоа е Реал Мадрид.
„Кралевите“ играат фантастичен фудбал оваа сезона. Иако ја испуштија својата шанса за тројна круна, сепак двојна круна би била голем успех. Карло Анчелоти цела сезона игра со крпен состав, но постигнува одлични резултати. И овој пат ќе мора да се снаоѓа без еден од своите најдобри поединци, Орелиен Чуамени.
„Да се биде или не“!?
Ова важи за двајцата легендарни тренери и за моментално најдобрите два клуба во светот.
Лигата на Шампиони е такво натпреварување каде што еден тим мора да испадне. Дали Сити ќе добие шанса за историја или Реал, ќе се дознае по реваншот на „Етихад“.
Дуелот меѓу актуелниот шампион Манчестер Сити и најтрофејниот во елитното натпреварување Реал Мадрд, започнува во 21 часот. Ова ќе биде нов фудбалски празник за цел свет.