По реванш полуфиналните дуели што ќе се играат попладнево, ќе знаеме кои екипи ќе се борат за трофејот во фудбалскиот Куп на Македонија.
Бранителот на титулата, Македонија Ѓорче Петров е во најтешка ситуација од четирите полуфиналисти. „Лавовите“ ќе треба да надополнат два гола негатива од првата средба во Охрид. Таму екипата на Воска спорт ја искористи предноста на домашниот терен и славеше со 2-0.
Во Кавадарци, ќе биде „пеколно“. Фудбалерите на Тиквеш ќе имаат огромна поддршка од своите навивачи во дуелот со Шкупи. Откако првиот меч одигран во скопски Чаир заврши без голови, двата тима во реваншот влегуваат со подеднакви шанси. Картите за овој натпревар (над 2.000) се веќе распродадени, а „Лозари“ ќе бидат 12-тиот играч на Тиквеш.
За разлика од Македонија Ѓ.П. и купи, екипите на Тиквеш и Воска го бркаат историското прво финале за овие тимови.
Кои два тима на 29 мај ќе играат во дуелот за трофејот, ќе дознаеме по натпреварите чиј почеток е закажан за 15 часот.