Најдобрата македонска таеквондистка Милијана Рељиќ придодаде уште еден медал во својата богата колеција. Милјана осв бронза на Г2 „Србија Опен“.
Мила во првото коло беше поуспешна од Азербејџанката, Мејлин Мамаџада со 2:0 во рунди. Во следното коло тесна победа врз извонредната Српска репрезентативка Ела Мариќ со 2:1 во рунди. Во борбата за медал Мила беше поуспешна од Иранката, Хаџиџи Елхам со 2:0 во рунди.
Во полуфиналето Мила беше запреа од Хрватицата Хелена Кичема. Ова се нови 7,20 поени за светската и олимписката ранкинг листа за Милијана. Ова е трет медал во 2024-та, по Турција Г1 опен и Скопје Опен.
На турнирот учествуваше светската теквондо елита со повеќе од 350 во сениорска конкуренција меѓу кои и 25 олимпијци.
Во категоријата на Милијана сениорки -62кг, на пиедесталот имаше две олимпијки Петра Столбова (Чешка) бронзен медал освои и Вивијана Мартон, Унгарија – златен медал.