Екипата на Работнички стартуваше со победа во финалето на женскиот одбојкарски шампион. Актуелните бранителките на трофејот славеа со убедливи 0-3 на гостувањето кај Струмица жени во првиот меч од серијата.
Иако домаќинките имаа голема можност да го добијат првиот сет, а имаат три сет топки, сепак гостите од Скопје го решија во своја полза. Водеше Струмица со 24-21, но им дозволи на противничките да освојат пет поени во низа. Работнички го доби сетот со 24-26 за водство од 1:0.
И во вториот се играше израмнето. Во финишот повеќе концентрација и нерви имаа гостинките. Направија помал број на грешки, па и тој сет го решија во своја полза со 23-25.
Во отсуство на капитенката Елена Пандева која е повредена, струмичанки немаа вистински лидер кој ќе ја врати екипата, како што тоа беше случај во полуфиналето на купот.
Рано одбојкарките на Работнички резултатски се одлепија, а создадената предност и шанса не ја испуштија. Го доби Работнички и тој сет убедливо со 17-25 и со качени 3:0 го доби мечот за водство од 1:0 во финалната серија. Таа пак трае во три добиени натпревари, а следниот на програмата е во среда во Скопје.
За Струмица ова беше само втор пораз во 22-от одигран натпревар сезонава, а прв на домашен терен. Двата досегани дојдоа од шампионот Работнички.