Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром стигнаа до нова убедлива победа над Гостивар од 89-67 и поведоа со 2-0 во 1/4 финалната серија.
Само во првата четвртина Гостивар пружи достоен отпор на домашниот тим и истата ја доби со 16-17. Во продолжение МЗТ Скопје заигра подобро и во нападот и одбраната и на полувреме имаше +5 позитива за 37-32.
Сепак во третиот дел домашќините ја опрадваа улогата на фаворит и со 32-11 го добија третиот дел за недостижна предност од 69-43.
Последниот период беше само рутина за македонскиот шампион и со победата стигна до 2-0 во победи против Гостивар.
Делалиќ беше најдобар кај МЗТ со 14 поени, Робев даде 13, а Андоновски 12 коша. Кај Гостивар 20 коша постигна Стојановски, а Вилијамс 17 коша.
Третиот меч на програмата е следниот викенд поради настапот на МЗТ Скопје во АБА2 лигата и реванш мечот со Широки.