Младата женска ракометна репрезентација на Македонија ги доби своите противници за Светското првенства чиј домаќин ќе биде Скопје.

Македонските јуниорки (У20) за противнички ќе ги има врсничките од Ангола , Исланд и САД.

Ако се суди според реномето и традицијата Македонија е фаворит во оваа конкуренција, па повеќе од јасно е дека црвено-жолтите не би требало да имаат мака во трите натпревари од Х групата.

24-тиот Мундијал за ракометарки до 20 години, ќе се одржи во Скопје во периодот од 19 и 30 јуни летово.

Актуелниот шампион е Норвешка која пред пред две години ја совлада Унгарија.

Покрај овие две селекции во конкуренција за највисок пласман се и Данска, Романија и Португалија кои завршија меѓу четири најдобри репрезентации на ЕП до 19 години.

ГРУПИ СП У20 – СКОПЈЕ 2024
Група А: Романија, Холандија, Бразил, Иран
Група Б: Швајцарија, Египет, Тунис, Чиле
Група Ц: Унгарија, Кореа, Аргентина, Мексико
Група Д: Данска, Норвешка, Јапонија, Кинески Таипеи
Група Е: Шведска, Чешка, Кина, Алжир
Група Ф: Франција, Германија, Шпанија, ИХФ
Група Г: Португалија, Црна Гора, Гвинеја, Узбекистан
Група Х: Ангола, Македонија, Исланд, САД