Младата женска ракометна репрезентација на Македонија денеска ќе ги одбере своите противници за Светското првенства чиј домаќин ќе биде Скопје.

Попладнево во 13 часот ќе биде извршена ждрепката за 24-тиот Мундијал за ракометарки до 20 години, кој од 19 и 30 јуни летово, ќе се одржи во Скопје.

Нашите ракометарки кои се сместени во вториот „шешир“ како домаќинки се во привилегирана положба. Имено,  Пред извлекувањето на репрезентациите од вториот шешир, Македонија ќе може да ја одбере  група во која сака да игра на првенството.

Шешир 1: Унгарија , Данска, Романија, Португалија, Шведска, Ангола, Франција, Швајцарија.
Шешир 2: Кореа, Црна Гора, Холандија, Норвешка, МАКЕДОНИЈА, Германија, Чешка.
Шешир 3: Гвинеја, Исланд, Шпанија, Кина, Аргентина, Тунис, Бразил, Јапонија.
Шешир 4: Чиле, Кинески Тајпеј, Иран, Мексико, Америка, Алжир, Нов Зеланд, Узбекистан

Извлекувањето на групите ќе може да го следите ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)