Женската тениска репрезентација на Македонија, го доби првиот меч против Грузија. Во натпревар од втората рунда на „БЏК“ купот во Литванија, Македонија води со 1:0 во мечеви.
За тоа се погрижи Магдалена Стоилковска која по час и 57 минути игра ја совлада Зозија Кардава во три сета.
Во првиот нашата тенисерка на противничката и пропишти само еден гел, но во вотриот освои само два (6-1 и 2-6).
Во решавачкиот трет сет Стоилковска повторно одигра на посакуваното ниво и го доби сетот со 6-3, а мечот со 2:1.
Во тек е вториот меч во поединечна конкуренција во кој Лина Ѓорческа игра против Екатерина Горгодзе.
Потсетување дека македонските тенисерки кои настапуваат во Втората евро-африканска зона, играат за пласман од 4 до 6 место. Во оваа конкуренција е и селекцијата на Израел.