Екипата на Рома ја „преживеа“ опсадата што им ја приреди Милан, а „росонерите” имаат за многу што да жалат. На првиот четвртфинален дуел во Лигата на Европа гостите од Рим триумфираа со 1:0.

Италијанското дерби беше решено во првото полувреме. По корнер на Дибала во 17.та минута стрелаше Џанлука Манчини. Потоа Милан правеше опсадна на голот на Рома, ама Миле Свилар одолеа на сите закани. Резултатот остана непроменет, па Рома со минимална предност, ќе го почне реваншот на „Олимпико“

Баер Леверкузен пак се намачи во дуелот со Вест Хем. Наскоро новиот германски владетел триумфираше со 2:0. „Фармацевтите“ отпорот на „чеканите” го скршија на самиот крај. Во 83-та минута стрелаше Хофман за 1:0, а конечните 2:0 ги постави Бонифејс во 91-та минута. На реваншот во Англија, Баер ќе патуваат со 2 гола позитива.

Во Лисабон, минимална предност оствари Бенфика која со 2:1 го совлада Олимпик Марсеј. Големо изненадување приреди Аталанта која славеше на „Енфилд“ кај Ливерпул.

ЛИГА НА ЕВРОПА – ЧЕТВРТФИНАЛЕ
МИЛАН – РОМА 0-1
БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН – ВЕСТ ХЕМ 2-0
ЛИВЕРПУЛ – АТАЛАНТА 0-3
БЕНФИКА – ОЛИМПИК МАРСЕЈ 2-1

  • Реванш дуелите ќе се играат следниот четврток на 18 април.