Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром во среда ќе го игра првиот чатвртфинален натпревар од плејофот на АБА2 лигата.
Аеродромци за противник ќе ја имаат екипата на Широки, која им е „должник“. Поразот од оваа екипа во последното коло од лигашкиот дел, пронесе МЗТ да остане без директен бараж дуел за влез во АБА1 лигата. Затоа сега македонскиот првак ќе мора по потешкиот пат.
Прва пречка е Широки против кого МЗТ ќе игра во Скопје во првиот меч. За остварување на целта, од таборот на сино-белите решија влезот за овој натпревар да биде слободен.
„Ниту еден наш успех не бил можен без ВАШАТА помош од трибините. Вашето навивање, аплаузите и скандирањата кај нашите момци делуваат како десетина енергетски пијалоци испиени одеднаш.
Заедно секогаш сме посилни и само заедно можеме да дојдеме до посакуваната цел. Затоа,
Ве покануваме задутре во што поголем број да дојдете во „Јане Сандански“, трибините да бидат исполнети до крај со нашите навивачи, симпатизери, но и сите останати спортски вљубеници.
МЗТ Скопје игра за Аеродром, ама и за Македонија и заслужува поддршка од сите.
ВЛЕЗОТ Е БЕСПЛАТЕН! “ информираа од МЗТ.
Дуелот МЗТ Скопје Аеродром – Широки Бријег ќе се игра во среда во терминот од 20 часот.