Како и што се очекуваше, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром и Работнички впишаа нови победи во Првата лига.
Во дуелите од последното коло на лигашкиот дел, МЗТ Скопје го совлада составот на Академија ФМП, а Работнички беше подобар од Гостивар. Двата тима немаа никакви проблеми. Аеродромци со 38 разлика го завршија дуелот против ФМП (105-67), а Работнички победи со 20 разлика (104-84) против Гостивар. Со ист „скор“ 18-4 (победи-порази) двата тима се на првите две позиции. Сепак, шампионот МЗТ ќе ја има првата позиција во плејофот, поради подобриот биланс во меѓусебните дуели.
Зад скопските ривали, како трето рангиран завршува тимот на Пелистер. Битолчани благодарение на одличната последна четвртина (31-13), славеа победа на гостувањето во Гевгелија кај Кожув со 87-80.
Останува да ги сочекаме исходите од двата последни денешни натпревари по кои ќе бидат познати и четвртфиналните парови.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 22.КОЛО
сабота
РАБОТНИЧКИ – ГОСТИВАР 104-84
АКАДЕМИЈА ФМП – МЗТ СКОПЈЕ
КОЖУВ – ПЕЛИСТЕР 80-87
20:30 ТФТ – ФЕНИКС
21:00 ЧАИР – ОХРИД
недела
19:00 ВАРДАР – ЕУРО НИКЕЛ
ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 41, Работнички 41, Пелистер 38, ТФТ 35, Чаир 35, Еуро Никел 33, Феникс 32, Гостивар 30, Кожув 28, Охрид 26, Академија ФМП 26, Вардар 24.