Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски информира дека во наредните 5-6 месеци нема да настапува.
Калин поради веќе одредено време е надвор од тениските збиднувања. Самиот тој денеска информираше дека поради повреда ќе пропушти поголем дел од сезоната.
„Бидејќи многумина ме прашувате кога ќе почнам со натпреварите оваа година, сакам да информирам дека ќе бидам надвор од тениските терени во следните пет-шест месеци…
Ќе се вратам уште посилен“,
напиша Калин на својот Инстаграм профил.
Му посакуваме на Калин брзо опоравување, и како што пиша, враќање посилен и подобар од било кога.