Од утрово, почна пријавувањето за 20-тото издание на Скопскиот Маратон. Право на учество имаат сите македонски и странски државјани.
„Трката има ограничен број на учесници и пријавувањето може да се затвори, доколку се пополни предвидениот број на бројот на учесници, затоа побрзајте и пријавете се уште денеска“,
апелира организаторот на манифестацијата Сојузот на спортови на Скопје.
Пријавувањето ќе трае до 20 септември до 23:59 часот, а маратонот ќе се одржи на 6 октомври со почеток во 8 часот.
Учесниците на маратон и полумаратон на стартот ќе бидат распоредени во четири стартни боксови, според времето кое ќе го одберат при процесот на пријавување. Во штафетниот маратон и трката на 5.км, ќе бидат распоредени во стартни зони кои ќе бидат означени во зоната на старт со името на трката.
Трката има сертификат од Асоцијацијата за улични трки (AIMS) и се одвива според правила на Светска Атлетика (WA), и АФСМ.
Секој учесник што ќе стартува ќе добие вредносен ваучер од 20 ЕУР од насловниот спонзор на трката. Во стартниот пакет за сите трки е вклучена и маица, но ја добиваат само оние кои ќе се регистрираат до 29 август 2024.