Екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер стигнаа до планираните победи во дуелите со Вардар и Академија ФМП. Во натпреварите од претпоследното 21.коло, аеродромци го совладаа Вардар со 86-78, пелистерци беа подобри од Академија ФМП со 98-89.

Сепак не одеше така „подмачкано“ како што очекуваа двете екипи, па фаворитите добро се помачија.

Во СЦ „Јане Сандански“ шампионот МЗТ Скопје го совлада Вардар.

Аеродромци постојано го контролираа играта. но, вардарци пружи голем отпор во првиот дел. МЗТ не успеа да направи поголема предност од осум поени, па на полувреме заминаа само со шест предност (38-32).

На стартот на второто полувреме МЗТ оствари и двоцифрена предност (+11), црвен-црните успеаја да ја анулираат, па дури и поведат. Рамноправен беше Вардар и во последната четвртина, но немаше сили за изненадување, а МЗТ ја впиша 17-тата победа со конечни 86-78.

Во Битола, гостите од Скопје, подобро го започнаа натпреварот.

Во првата четвртина, кошаркарите на ФМП имаа и предност, најголема со шест поени. Тешко му одеше на домашниот тим и во продолжението, иако и Пелистер во втората четвртина имаше +6. Сепак на одмор гостите беа оние кои заминаа со два поени предност (47-49). Пелистерци на стартот на второто полувреме направија серија од девет поени и поведоа со 56-49. Гостите од Кисела Вода, беа рамноправни се до завршните три минути во кои имаа и предност (82-84). Но, со само „петмина“ играчи, тимот на ФМП, немаше сили за изненадување, па Пелистер славеше со 98-89.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 21.КОЛО
среда

ПЕЛИСТЕР – АКАДЕМИЈА ФМП 98-89
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ВАРДАР 86-78
Одиграно претходно
ОХРИД – ТФТ 78-89 (72-72)
ГОСТИВАР – КОЖУВ 104-73
ФЕНИКС – РАБОТНИЧКИ 69-94
ЕУРО НИКЕЛ – ЧАИР 93-94 (82-82)

ТАБЕЛА: Работнички 38, МЗТ Скопје Аеродром 38, Пелистер 36, ТФТ 35, Чаир 35, Еуро Никел 33, Феникс 32, Гостивар 29, Кожув 26, Охрид 26, Академија ФМП 25, Вардар 24.