Полскиот тим Киелце, направи голем чекор кон пласман во четвртфиналето на ракометната Лига на шампиони.

Ова уште по одигрувањето на првиот меч со ГОГ, на гости, во осминафиналната рунда. На натпреварот одигран во Данска, полскиот првак славеше убедлива победа со осум голови разлика 33-25.

Освен воведните осим минути кога резултатот беше израмнет (3-3), се натаму мина во знакот на Киелце. Избраниците на Таланд Душебаев направија серија од 7-0 и веќе во 20-тата минута ја најавија победата. На полувремето гостите заминаа со осум гола предност 18-10. Второто полувреме полскиот тим само рутински го одработи и славеше со конечни 33-25.

Реванш дуелот е закажан за 4 април, но повеќе од јасно е дека Киелце ќе биде противник актуелниот шампион Магдебург во четвртфиналето.

Вечерва својот прв осминафинален дуел ќе го играат Загреб и Монпелје, а утре ќе се играат преостанатите два.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ОСМИНАФИНАЛНА РУНДА
вторник

ГОГ – КИЕЛЦЕ 25-33
ЗАГРЕБ – МОНПЕЉЕ (реванш 3 април)
среда
ВИСЛА – ПСЖ
ПИК СЕГЕД – ВЕСПРЕМ (реванш 4 април)
ЧЕТВРТФИНАЛЕ (24/25 април – реванш 1/2 мај)
Загреб / Монпеље – КИЛ
Гог / Киелце – МАГДЕБУРГ
Пик Сегед / ВЕСПРЕМ – АЛБОРГ
Висла / Псж – БАРСЕЛОНА