Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ од денеска и официјално е двојно подобар играч од Шпанецот Рафаел Надал.
Имено, Ѓоковиќ ја почна 418-тата недела на врвот на АТП листата, а тоа е двојно повеќе од Рафаел Надал кој 209 недели мина на позицијата број еден.
На најновото рангирање и натаму втор е Карлос Алкараз, пред Јаник Синер од Италија, Русинот, Даниил Медведев.
Сега петти е Германецот, Александар Зверев кој го мина Андреј Рубљев од Русија, додека Руне останува седми.
Промена има на седмата и осмата позиција, па сега Каспер Руд е пред Хуберт Хуркач. Листата ТОП-10 ја заокружува Австралиецот Алекс де Мануир.